Мисајловски: Во нашите вработените е силата на македонската одбрана и Армија
Миинистерот за одбрана Владо Мисајловски истакна дека силата на македонската одбрана и Армија е во вработените во Министерството и Армијата.
-Предновогодишниот собир е уште еден начин да покажеме дека работиме заедно и сплотени, дека во Министерството и Армијата постои синергија која секојдневно ја менува сликата на македонската одбрана.
Благодарам на сите вработени во Министерството и сите припадници на Армијата кои неуморно, професионално и посветено секој ден го минуваат правејќи ја нашата држава посигурна и нашите граѓани побезбедни.
Во 2025 година продолжуваме со уште поголеми амбиции и уште посилен мотив за нашата Македонија, вели Мисајловски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа