Кина: „Кримското прашање“ треба да се решава политички

Кина денеска го повтори ставот дека „кримското прашање“ треба да се решава политички, повикувајќи ги сите страни вклучени во настаните на Крим да се воздржат од ескалација на тензиите.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешн и работи, Хонг Леј, истакна дека Кина секогаш го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на сите земји и додаде дека прашањето на Крим треба да се решава со политички методи, со почитување на законот и поредокот, пренесе агенцијата Ксинхуа.Хонг го коментираше вчерашното потпишување на спогодбата за прием на Крим во составот на Руската Федерација, со Севастопољ како град од федерално значење. - Кина ги повика сите страни да го задржат мирот и воздржаноста, да се воздржат од кревање на  тензиите, а меѓународната заедница да изигра конструктивна улога, нагласи Хонг.

Замолен да ја прокоментара вчера изразената благодарност на рускиот претседател Владимир Путин кон народот на Кина, за чие раководство кажа дека ситуацијата околу Украина и Крим ја набљудува „во својата историска и политичка сеопфатност“, Хонг рече дека Кина е „праведна и објективна во однос на кримското прашање“.

Ксинхуа потсети дека Русија во саботата стави вето при гласањето по резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која референдумот на Крим за присоединување кон Русија се прогласуваше за неважечки, додека Кина беше воздржа.

19.03.2014 - 19:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега