Социјалните мрежи ја погребаа актерката Џенифер Лоренс

На  социјалните мрежи деновиве се појавија гласини дека познатата актерка Џенифер Лоренс е мртва.

Веднаш по ова беа покренати и групи како „Почивај во мир Џенифер Лоренс“, со што продолжи морбидниот тренд на упокојување на живи познати личности.

Информациите за смртта на Лоренс ги демантираше нејзиниот потпарол, кому не му е првпат да се најде во ваква ситуација. Имено, тој мораше да реагира и кон крајот на минатата година, кога актерката се онесвети за време на снимање, по што се прошири информација дека починала.

Неодамна истото му се случи и на актерот Вејнер Најт, кој  на неговиот профил објави „воскренување“, цинично шегувајќи се со дезинформациите дека е мртов. 

19.03.2014 - 16:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега