Полицијата трага по педофил поврзан со исчезнатата Меделин - ќе се стави ли крај на мистеријата?

Во рамки на истрагата за исчезнувањето на малата Британка Маделин Меккан, детективи на Скотланд јард тргаат по провалник кој во периодот меѓу 2004 и 2006 година извршил сексуално насилство врз пет девојчиња во Португалија.

Нападите врз девојчињата се случувале во куќи за одмор во западниот дел од португалската област Алгарве во кои претсојувале британски семејства. Девојчињата кои биле сексуално злоставувани биле на возраст меѓу седум и десет години и сите биле нападнети додека спиеле. Во еден случај, тој во една иста вила ,нападнал две мали девојчиња.

За потсетување, Маделин Меккан имаше неполни четири години, кога во почетокот на мај 2007 година исчезна без трага од апартманот во хотелскиот комплекс „Оушн клаб“ во Праја да Луш во Алгарве, популарно место за одмор и летување на туристите од Велика Британија, каде беше на кус одмор со родителите. Таа исчезна од апартманот додека нејзините родители беа на вечера во блискиот ресторан, оставајќи ги заспани и сами нивните три деца.

 

 

19.03.2014 - 14:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега