Богданов: Нема да употребиме оружје против руските напаѓачи во Севастопол

Упадот на проруските активисти во базата на Украина во Севастопол беше потврден од претставник на украинската морнарица на Крим кој изјави дека војниците и офицерите во базата нема го употребат оружјето и нема да пукаат по напаѓачите.

 

Порпаролот Сергеј Богданов во изјава за Би-Би-Си, рече дека во базата насила упаднале околу 200 проруски активисти, кршејќи ја влезната порта со помош на едно амбулатно возило.

Според неговото објаснување, некој од напаѓачите носат оружје, но дека мнозинството се невооружени луѓе, а нивните лица се покриени за да не бидат идентификувани.

Богданов тврди дека еден висок укриаински офицер започнал преговори со напаѓачите, како и дека војниците и офицерите на украинската морнарица се „барикадирале во зградата“.

"Никој од украинска страна не пукаше по луѓето што упаднаа во базата. Иако од Киев имаме овластување да го употребиме оружјето во самоодбрана, ние не го употребивме, а нема и понатаму да го употребиме"- изјави Богданов.

Набргу по упадот, поголема група воени и цивилни лица биле забележани како си заминуваат од базата.

Засега нема информација дека имало било какво судирање на украинските војници со проруските активисти, ниту пак се слушнале пукотници.

 

 

19.03.2014 - 12:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега