Деветгодишното момче во училишниот двор починало од мозочен удар

Патологот потврди дека на деветгодишното момче што почина во школскиот двор на белградското основно училиште “Кирил и Методиј“ му пукнал капилар во мозокот.

-Тромбот тргнал од удар, кој можеби се случил претходно. При обдукцијата стоев пред салата. Лекарите ми рекоа дека срцето му бешe здраво како и белите дробови. Беше спортист. Молња на татко. На три  години почна да тренира пливање на ДИФ, а од седум ватерполо во Партизан - раскажува за “Блиц“ Далибор Цвејиќ, татко на малиот Богдан.

Таткото ќе го облече синот за последното испраќање.

Помалата сестра на Богдан Ангела се уште не знае што се случило во школскиот двор. Прашува за него, го бара братот.

-Легна во неговиот кревет. Ги броеше медалите што Богдан ги освои, ги милуваше неговите пехари. Тоа не скрши. И рековме дека братот и е во болница. Школските психолози ни рекоа постепено да и соопштиме што се случило - раскажува Цвејиќ.

Тој завчера во манастирот Раковица каде го крстеле Богдан, запалил свеќa. Опелото и погребот беше вчера, и малечкиот е погребан крај својот дедо со кој од мал сакал да игра шах.

Во холот на училиштето, неговите соученици ги испишувале последните поздрави во спомен книгата, покрај која беше слика на детето, и букет со бели и една црвена ружа.

-Напишав: Нека те чуваат сега ангелите - вели негова другарка.

Одделението III/4 вчера имало 4 часа, а потресената учителка на Богдан не можела да разговара со новинарите.

Мораме да ги воспитуваме децата како да се носат со тагата. Психолозите се тука за нив. Утре нема настава, а препорака е децата да одат на гробишта во придружба на родителите, вели директорката на училиштето.

19.03.2014 - 12:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега