Еconomist Inteligence Unit: Политичкиот ризик во Македонија на историски најниско ниво

 

Според Еconomist Inteligence Unit, пренесено и на влијателниот сајт за економски вести, “Блумберг“,  политичкиот ризик во Македонија е на историски најниско ниво.

Според пишувањето на Еconomist Inteligence Unit, политичкиот ризик се оценува според политички фактори кои се поврзуваат со политичката стабилност и ефикасност, што може да влијае на способноста на една земја и посветеноста да го исплати долгот или да предизвика турбуленции во пазарот за извоз.  Така, рејтингот на нашата земја во февруари 2014 година е на историски најниско ниво откако почнало да се спроведува мерењето во 1997 година, кога земјата била на 80-место, а сега се наоѓа на 61.

Рејтингот на Македонија во однос на ризикот кон суверенитетот, валутата и банкарскиот сектор е на најниско ниво откако се спроведува мерењето.

18.03.2014 - 13:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега