Пајакот вчера „лапна“ 52 возила низ скопските улици
Во последното деноноќие низ улиците на град Скопје се случиле 19 сообраќајки, а во нив девет завршиле со последица материјална штета, а девет со последица телесна повреда. Од нив шесмина возачи на патнички моторни возила, пет сопатници во возилата и тројца возачи на мопеди се здобиле со полесни повреди.
Се случила и една сообраќајна незгода со последица тешки телесни повреди на ул. „Никола Парапунов“ во 19 часот и 20 минути во која учествувале две патнички моторни возила, „БМВ“ и „ауди 4“. Како последица на незгодата со тешки телесни повредни се здобил возачот на патничкото возило „ауди 4“, а со полесни телесни повреди возачот на патничкото моторно возило „БМВ“.
Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција санкционирани се 11 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 11 возачи кои го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилата, шест возачи кои поминале на црвено светло на семафорите, четири кои извршиле непрописно престројување и 14 возачи кои ги управувале своите возила без важечка возачка дозвола.
Со помош на специјалното возило „пајак“ беа отстранети 52 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Во рамки на сообраќајно воспитните акции Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализира едукативни работилници во ОУ „Браќа Рамиз“ и ОУ „26 Јули“ во општина Шуто Оризари.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа