Во четврток расправа во ОН за кризата во Украина
Во четврток Генералното собрание на Обединетите нации ќе се расправа за состојбата во Украина, поточно за Крим и успешниот референдум кој што се одржа во неделата. Ова денеска го изјави претседателот на Собранието Џон Еш, кој нагласи дека ваквата седница ќе се одржи на барање на украинскиот постојан претставник во светската организација, Јуриј Сергев.
Москва во саботата употреби вето за време на гласањето во Советот за безбедност на ОН за резолуцијата против одржување референдум за приклучување на Украинската Автономна Република Крим кон Русија. Референдумот се одржа во неделата.
Украина и нејзините сојузници се обидуваат да протуркаат слична резолуција во Генералното собрание на ОН, кое ги усвојува резолуциите со просто мнозинство. Тие сепак немаат задолжителен карактер.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа