Зошто вториот брак е подобар од првиот?
Ако вашиот прв брак не бил онаков каков што сте го замислувале, не треба да се грижите, бидејќи постојат прични поради кои вториот брак е подобар од првиот.
Растејќи се стекнува искуство и мудрост. Луѓето кои стаппуваат во втор брак се поотворени кон партнерот и многу подобро комуницираат. Исто така, луѓето кои се впуштаат во втор брак генерално веќе знаат што сакаат во својот живот.
Децата од првиот брак можат да претставуваат проблем, бидејќи треба да им се посвети внимание и време, што значи дека времето за новиот партнер мора внимателно да се планира.
Доколку сакате втор брак, со поранешниот партнер ќе треба да се договарате за слободните викенди, така што децата ќе поминат еден викенд со вас, а друг со поранешниот партнер.
Кога станува збор за расправии, кои сигурно ќе ги има, искуството се стекнува со текот на времето и ќе имате доволно време пред вториот брак, така што ќе знаете како да ги решите проблемите на вистински начин.
Ќе научите како треба да зборувате, како да се однесувате со партнерот со почит и како да го цените неговото мислење.
Вториот брак е можност да ги поправите претходно направените грешки и да не ги повторите. Тоа ќе ви овозможи повеќе да се зближите со партнерот и да уживате со некој кој навистина го сакате и кој вистински ве сака.
извор: Боза
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа