Безобразно го пустошеле Скопје - МВР ги улови скопјаните кои празнеа станови и куќи
Скопјаните С.А. (19), М.Д.(21), С.А.(35), И.К.(45), С.В.(34) и Р.Д.(19) си заработија кривични пријави за кражби извршени од 26 јули до 21 октомври минатата година, во општините Центар, Кисела Вода и Карпош.
Првите тројца се осомничени за седум кражби, С.В. и Р.Д. се товарат за „прикривање“, додека И.К. ќе одговара за „помагање“
- Делата ги извршувале на различни начини и тоа со помош на подесен алат и физичка сила насилно влегувале внатре, извршувале претурање и пребарување и одземале разни вредни предмети: домашни иконостаси, бакарни, месингани и оловни предмети, плински боци, украсни предмети од народни носии, апарати за домаќинство и други предмети, со што се стекнале со противправна имотна корист од околу 1.770.000 денари. Украдените предмети ги продавале по пониски цени, на нив познати лица како и во антикварница и отпади за пониски цени од реалните, стои во денешното соопштение на МВР.
Шестмината скопјани се веќе регистрирани сторители на кривични дела од областа на имотните деликти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа