Прикажани фотографии од убиството на Рива Стенкамп

 

На судот прикажани се фотографиите од убиството на Рива Стенкамп, девојката на Оскар Писториус.

Фотографиите од кобната ноќ биле прикажани минатиот понеделник во Преторија. Сведочеле неговите соседи, а форензичарите ги анализирале фотографиите.

Оскар додека ги слушал изјавите на сведоците неколку пати му се слошило, плачел и ги затварал ушите да не слуша.

На Писториус му пречело што фотографиите јавно се објавуваат и го замолил судијата повеќе да не му го покажува. На нив јасно се гледа подот со крв, а прикажано е' и телото на Рив Стенкамп, пишува KTNV.

Инаку Оскар Писториус минатата година  ја уби својата девојка мислејќи дека е крадец.

14.03.2014 - 14:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега