Пилотот на исчезнатиот авион најголема енигма!
Захари Ахмад Шах (53) е пилот веќе 33 години, а полицијата моментално ја истражува неговата улога во исчезнувањето на "Боинг 777". Колегите раскажуваат дека бил опседнат со работата, а медиумите се повеќе го истакнуваат сценариото според кое пилотот извршил самоубиство и со него во смрт повел 238 луѓе.
Полицијата ја остава отворена опцијата дека падот на авионот била поврзана со грешка на Захари, и покрај неговото беспрекорно минато на управување со авиони. "Во потрагата по докази не смееме да исклучиме ниту една теорија" - изјави Џон Бренан, шеф на ЦИА, коментирајќи за теоријата за самоубиство на пилотот.
Копилотот од авиокомпанијата "Malaysia Airlines", кој во неколку наврати имал можност да лета со Захари Ахмад Шах, го опишува како опседнат со својата работа и општо со авионите. "Од секогаш сакал да биде билот. Беше вистински бубатор и со задоволство им делеше совети на другите" - изјавил копилотот.
Тој додал дека Захари ги знаел сите предности и маaни на авионот, и дека во својот дом во Куала Лумпур имал инсталирано мал симулатор на лет со полна опрема и три монитори.
"Постојано го задевавме поради тоа. Го прашувавме зошто ја носи работата дома" - изјави работник во авиокомпанијата кој го познава пилотот веќе 20 години. Шах се фотографирал со куќната верзија на Flight Simulator и се пофалил на Фејсбук профилот, а останатите фотографии на неговиот профил јасно ни даваат до знаење дека бил колекционер на минијатурни авиони на далечинско управување.
Искусниот пилот бил роден во Малезија, а својата кариера ја започнал во 1981-та година. До сега во воздух поминал вкупно 18.365 часа. Одделот на Малезија за цивилно воздухопловство го назначило за набљудувач на тестирањата на идните пилоти. Според нивните зборови, Захари Шах обожувал да готви и да носи храна на заедничките собири. "Секој би бил среќен да има сосед како него" - изјавил Рахим Заинун од Куала Лумпур.
Познаниците на Захари Шах ја отвориле веб-страницата под наслов "Кој е всушност капетан Захари Шах", на која напишале: "Ве замолуваме да не објавувате никaкви претпоставки додека не добиеме официјални информации. Сметаме дека овој човек ја заслужува вашата почит. Молете се за него".
Мистерија: Ниту еден авион не исчезнал на овој начин
Радарските податоци за брзината, курсот и позицијата на авионот се добиваат од авионот преку уред кој се нарекува транспондер. Тие податоци во секое време им се достапни на лет контролорите. Дури и кога пилотот ќе го исклучи транспондерот, позицијата на авионот останува видлива. Не е јасно како е возможно авионот да исчезне потполно.
Воените радари сигурно го деактивирале неговиот сигнал до влегувањето во "радарската сенка". Штом авионот ќе исчезне од радарот, контролорот на летање има обврска да му се јави на пилотот и да го праша што се случува. Меѓутоа во овој случај нема никави информации за комуникација помеѓу нив двајца.
Што се случува во случај на експлозија
Кога авионот би се распаднал на надморска височина од 10.000 метри, неговите најголеми делови кои содржат челична конструкција сигурно би потонале веднаш. Меѓутоа, помалите остатоци, како што се седиштата или гумените и пластичните елементи би пловеле по површината. Доколку пак авионот целосен ја допрел површината на водата, тогаш останките би биле пронајдени во концентрирана форма.
Црна кутија
Теоретски возможно е да се изгуби црната кутија, но тоа се случува многу ретко, кога ќе заврши на дното од океанот. Таа всушност е составена од два уреди во портокалова боја и големина на шаховска табла. Едниот дел ги снима гласовите во пилотската кабина за време на последните 30 минути од летот, а другиот дел ги оболежува параметрите на летот. Двата уреди содржат предавател кој пренесува бранови врз основа на кои сателитите ја лоцираат црната кутија. Кога тогаш сигурно ќе го пронајдат. Ако се потсетиме, разурантиот авион кој во 2009-та летал од Рио де Женеиро до Париз го пронајдоа дури по две години.
Извор: Точка
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа