Варичелата напаѓа и во Велес

 

Овој месец во Велес има само неколку заболени од големи сипаници-варичела, според податоците од ЈЗУ Центар за јавно здравје.

Билјана Трајкова, епидемиолог од оваа медицинска установа информира дека сите заболени биле деца и се лекувале во домашни услови.

- Лекарите сепак ги предупредуваат граѓаните да бидат претпазливи кога е во прашање оваа болест бидејќи лесно се пренесува во комуникација и непосреден контакт со заразено лице. Болеста е посебно опасна по здравјето на машките деца во пубертет и возрасните лица, рече Трајкова, пренесе МИА.

Во Велес во текот на јануари годинава од големи сипаници имало заболено 65 лица, претежно деца од претшколска и школска возраст, а во текот на февруари бројот на заболени бил намален на 16. 

13.03.2014 - 15:20
Фото: 
охридњуз

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега