Битолчанец се бори за живот - насилник го нападнал додека јадел во сендвичара

 

Ноќеска околу 1 часот на градското игралиште во Битола пред сендвичарата „Божино“ пронајдено е непознато лице кое е во бессознание и е пренесено во битолската Клиничка болница.

Полициска екипа веднаш излегла на лице место и по извршениот увид, констатирала дека се работи за 61 годишниот П.С. од Битола.

Кај битолчанецот било констатирано внатрешно крварење на мозокот и неколку скршеници на коските на лицето. Тој сеуште е во бесознание и во животна опасност на одделението за интензивна нега.

Вработена во сендвичарата "Божино" за полицијата изјавила дека околу 01.25 часот вечерта, во претпоследниот ред на столици од сендвичарата, засега непознат сторител му удрил тупаница на битолчанецот, па тој со главата паднал на плочките.  

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

 

најчитано сега