Ердоган ќе се повлекува од политиката?

 

Премиерот на Турција Реџеп Тајип Ердоган денеска на прес-конференцијата изјави дека ако неговата партија не освои најмногу гласови на локалните избори на 30 март, тогаш тој ќе се повлече од политиката.

- Ако Партијата на правдата и развојот не биде на прво место на локалните избори, јас ќе си заминам од политиката, истакна Ердоган на прес-конференција.

Истражувањата на јавното мислење даваат различни резултати за рејтингот на партијата на ердоган на претстојните избори. Според некои оваа политичка сила ќе освои над 45 отсто од гласовите, а други сметаат дека поддршката за неа ќе биде под 40 проценти.

Владата на Ердоган во последните месеци ја тресе голем корупциски скандал по започнатата антикорупциска истрага на 17 декември.

05.03.2014 - 13:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега