Бан Ки-Мун загрижен поради ракетите кои ги истрела Северна Кореја

 

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун денеска изрази загриженост во врска со истреланите три ракети со мал досег од страна на Северна Кореја, пренесоа руските медиуми.

Бан Ки-мун денеска во Москва изјави дека е време Северна Кореја да преземе напори за намалување на напрегнатоста на Корејскиот полуостров, а светската организација е подготвена да му помогне на Пјонгјанг во тоа.

Генералниот секретар, исто така, изрази надеж дека во иднина Северна Кореја ќе се воздржува од вакви активности.

Бан, во интервју за руски медиум, вчерашното истрелување на трите ракети со мал досег го нарече „провокативни дејствија“ и го повика Пјонгјанг да се врати на преговарачката маса за нуклеарното прашање со светските сили, пренесоа агенциите.

најчитано сега