Тимошенко: Јанукович е криминалец и треба да биде осуден
Поранешениот премиер на Украина Јулија Тимошенко смета дека соборениот претседател Виктор Јанукович е криминалец, кој треба да биде осуден,Тоа е нејзиниот одговор во интервју за ББС, одговарајќи на прашање во врска со изјавите на Путин за легитимноста на Јанукович.
“Тоа е желба на Путин, на него така ми се сака, ама тоа целосно не одговара на реалноста. По крвавите конфронтации со сопствениот народ Јанукович не може да биде легитимен претседател. Тој е криминалец, кој треба да биде под одговорност за убиството на мирни луѓе “, рече таа. Според зборовите на Тимошенко, сегашната власт во Киев е легитимна.
“Во моментов се прави обид во Украина да биде вратен најкрвавиот диктатор Јанукович, и тоа враѓањестана зависно од Кремљуште повеќе отколку кога се врати назад. Украинскиот народ, новата власт во Украина нема да дозволат тоа да се случи, независно од отстапките што им бидат понудени “, смета Тимошенко.
Потпишаниот договор во 2009 година за гас меѓу Русија и Украина треба да продолжи да дејствува и во иднина, изјави уште во интервјуто Тимошенко.
“Прашањето за цената на гасот за Украина – тоа е прашање на нејзината слобода, Киев треба да плаќа за него по пазарни цени”, смета Тимошенко. ”Ова ќе ни овозможи не само да се минимизира потрошувачката на руски гас во Украина, но и да имаме поттик да извршиме целосна модернизација на нашите технички можности на гориво-енергетскиот систем, што ќе ни овозможи речиси да не бидеме зависни од рускиот гас”, истакна поранешниот премиер.
Во вторникот, 4 март, шефот на “Газпром” Алексеј Милер соопшти дека вкупниот износ на обврските на Украина за рускиот гас изнесуваат 1 милијарда и 529 милиони долари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа