Украина е мета на кибер напади?
Во автономната република Крим е инсталирана специјална опрема, која била употребена за блокирање на мобилните телефони на членовите на Врховната рада, со што украинскиот телекомуникациски систем стана цел на напад, соопшти директорот на Службата за безбедност на Украина, Валентин Наливајченко.
- Тврдам дека втор ден по ред се врши кибер напад врз мобилните телефони на украинските пратеници, истакна Наливајченко на прес-конференција.
Безбедносните служби сега се обидуваат да воспостават безбедност на комуникациската мрежа. Сите државни системи за информациска безбедност биле неподготвени за вакво прекршување на законот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа