Западот започна со уништување на Русија

 
Третата Светска војна започна - и тоа на берзите! Ксенија Сопчак, ќерката на Анатолија Сопчак, менторот на Путин и Медведев, најави дека рушењето на акциите на руските компании и нападот на руската рубља се удари кои ќе ја уништат Русија, пишува Сител
 
Во последниве 48 часа, Западот правеше се, за да и забоде нож во грб на руската економија. Па така акцијата која на долгорочен план би требало да го осакати економскиот капацитет на Москва е завршена, и тоа преку напад на акциите на најголемите руски компании и руската рубља.
 
Војна на берзата
 
Ваквата информација вчера на Твитер ја објави руската новинарка, Ксенија Сопчаќ чиј татко Анатолиј Сопчак, од Владимир Путин и Медведев направи врвни политичари.
 
-Акциите на руските компании постојано се "сушат". Неделава ќе дојде до тотален колапс на руските акции на берзите, а доларот ќе почне да расте, напишала Ксенија при тоа додавајќи дека не сака да ги именува бизнисмените кои ги чешлаат акциите на руските компании.
 
-Само ќе кажам дека се луѓе кои се наоѓаат на листата на Форбс.
 
Продажба на акциите
 
Секако, не смее да се испушти и сценариото дека западните инвеститори можно е да ги продадат своите акции, и покрај фактот дека би изгубиле милијарди, бидејќи истите ќе се продадат за цени пониски од пазарните. На тој начин, би се намалила вредноста на многу руски компании што би довело до "чистка на инвестициите".
 
Во политичката орбита, Путин и Медведев ги лансираше таткото на Ксенија Сопчак, Анатолиј. А за возврат, наводно Путин му помогнал да побегне од Русија по обвинението за корупција. Многумина сметаат дека Путин поради односот со Анатолиј е поврзан и со неговата ќерка, која многу ретко го критикува.
 
Меѓутоа во 2011 година таа учествуваше на уличните протести против лидерот на Русија, Путин. 
04.03.2014 - 14:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега