Статистика: Надворешно-трговската размена во јануари 825 милиони долари

 

Според податоците кои денеска ги објави Државниот завод за статистика, Македонија во јануари годинава извезла стоки во вкупна вредност од 318.574.000 американски долари, а увезла стоки за 506.431.000 долари. Покриеноста на увозот со извоз е 62,9 отсто, а  трговскиот дефицит изнесува 187,857 милиони долари.

Најголемо учеството во извозот имаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, феросилициумот, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи) и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, суровата нафта, електричната енергија и други метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, а  најмногу стоки од Македонија се извезени во земјите од Европската унија по што следат заемјите од Западен Балкан 11,7 отсто. Европската унија е на првото место и по увозот на стоки во Македонија. Од земјите-членки на ЕУ се увезени дури 65,5 отсто од вкупно увезените стоки во земјава. 

 

04.03.2014 - 12:49
Фото: 
Плусинфо

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега