Врховната рада го прифати договорот за помош од ЕУ од 610 милиони евра

Врховната рада денеска го ратификуваше договорот меѓу Украина и Европската унија за добивање на помош од 610 милиони евра.

За ваквата одлука гласале 280 украински пратеници.

Договорот е од февруари 2013 година, но не бил ратификуван од владата на прорускиот претседател Виктор Јанукович.

Усвоената одлука му помогне на Киев да добие можност да бара дополнителни кредитни ресурси за поддршка на стабилноста на финансиско-економскиот систем на земјата.

04.03.2014 - 11:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега