ВНИМАВАЈТЕ: Шуга напаѓа во Скопје
Голем број пациенти одат на лекар мислејќи дека имаат алергија, а се работи за шуга, предупредуваат од амбулантите во скопските поликлиники и од Kлиниката за дерматовенерологија.
Дневник пишува дека само во Скопје месечно има најмалку 10-ина случаи кај кои се дијагностицира шуга која се пренесува преку директен контакт, а поретко и со пробување и носење туѓа облека.
Само во текот на минатата година се заразиле 125 пациенти, и тоа деца на возраст од над една година, но и постари од 60 години.
За да се заштитите од шугата, проветрувајте, носете чиста облека, не ја менувајте со други луѓе, и менувајте ја често постелнината.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа