Јацењук: Автономната република Крим ќе остане дел од Украина
"Автономната република Крим ќе остане украинска територија"изјави украинскиот премиер Арсениј Јацењук обвинувјќи ја Русија дека извршила „неоправдана агресија“.
- Нашите руски соседи без причина извршија неоправдана агресија на нашата национална територија - Автономна република Крим била, е и ќе остане украинска територија, истакна Јацењук.
Тој нагласи дека побарал од Организацијата за европска безбедност и соработка и НАТО да помогнат во посредување за изнаоѓање мирно решенија за кризата.
- Ќе ги искористиме сите механизми на меѓународното право да го решиме овој проблем. Не сакам Крим да стане нова Абхазија, истакна Јацењук.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа