Вонредна временска прогноза: Доаѓаат обилни врнежи од дожд
Територијата на Македонија утре ќе биде зафатена од нова циклонска активност од медитеранот.
Времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои на некои места ќе бидат обилни, а особено обилни врнежи од дожд се очекуваат во западните и во југозападните делови каде се очекува да наврнат над 30 л/м2 воден талог.
Ќе има услови и за локална појава на грмежи. Ќе дува умерен, а во источните делови повремено засилен ветер од јужен правец.
Температурата ќе се движи од 10 до 17 степени