Набљудувачи на ОБСЕ вечерва пристигнуваат во Киев

Вечерва во Киев ќе отпатуваат набљудувачи од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), најави помошникот државен секретар на САД, Викторија Нуланд.

- Набудувачите ќе имаат задача непристрасно да ги утврдат фактите и на лице место да ја проценат ситуацијата, изјави Нуланд во Виена, по завршувањето на заседанието на ОБСЕ посветено на Украина.

Таа изрази надеж дека набљудувачите ќе можат да заминат за Крим, каде, според неа, има најголема потреба од нив.

Претставниците на 57-те земји-челнки на ОБСЕ, меѓутоа, се уште треба да постигнат согласност во однос на испраќањето мисија на Организацијата во Украина, бидејќи Русија има резерви кон ефикасноста на ваквите мисии.

03.03.2014 - 20:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега