СДСМ ќе учествува на претседателските и парламентарните избори
Социјалдемократскиот сојуз денеска соопшти дека го прифаќа предизвикот и ќе учествува на претседателските и на парламентарните избори.
Опозициската партија бара Владата веднаш да предложи измени на Изборниот законик кој не предвидува решенија за совпаѓање на парламентарните со вториот круг претседателски избори, да се реши проблемот со двата различни рокови за заклучување на избирачкиот список, со почитувањето на роковите за предизборна кампања, како и со медиумското претставување.
- Нашата цел е учество на фер и демократски избори, а јасните правила на игра и правно разрешените конфликти се претпоставка за тоа. Со измените на Изборниот законик ќе се отстранат евентуалните конфликтни ситуации кои се создаваат со истовременото одржување на двата вида избори на 27 април, рече на прес-конференција Рената Тренеска Дескоска, член на Извршниот одбор на СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа