Лоша вест за неделата што следи

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, а на планините врнежите ќе бидат од снег. Во утринските часови врнежите од дожд понекаде ќе преминат во врнежи од снег и на повисоките места, не само на планините. Ќе дува слаб јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од два до седум, а дневната од четири до 11 степени.

 

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремен дожд и со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 10 степени.

Во наредните денови ќе преовладува повремено облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите повремено ќе бидат со променлив интензитет. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Врнежите од вторник и среда ќе бидат со послаб интензитет, а претежно суво ќе биде кон крајот на работната недела.

02.03.2014 - 10:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа