Груевски: Не прифаќаме уцени - одиме на избори

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска ги повика членовите на партијата и граѓаните да се обединат околку одлуката за кандидат за претседател на државата.    

Нашиот избор е Македонија, потенцира тој, посилна, постабилна побогата, посреќна и попросперитетна. - За таа цел во минатото се покажа силен капацитет и во тој однос покажавме разлика од СДСМ, разлика во вредностите, нашиот пристап и начинот на делување. Нашиот збор вреди и стоиме зад него, ние имаме дела а тие немаат, истакна Груевски.

01.03.2014 - 13:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега