Груевски: Ја прифаќаме фрлената ракавица и одиме на предвремени избори!

 

„Ја прифаќаме фрлената ракавица од ДУИ и одиме на предвремени парламентарни избори“, ова го порача премиерот Никола груевски од Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ која во моментов се одвива во Универзалната сала во Скопје.

„Се соочуваме со феномен во позицијата на ДУИ. Велат ќе излезат од владата и ќе бараат избори. Кога имавме 63 пратеници во 2009та ништо не им сметаше. Сега кога имаме 56 пратеници се им смета. Но ние не подлегнуваме на уцени из акани. Мислам дека на ДУИ му е јасно. Ахмети бара консензуален кандидат за да не го добие. Одат на тоа да не успеат претседателските избори па претседателот да се избира во Собрание. Потоа ако не добиеме 63 пратеници ќе бараат или претстедателот или премиерот или претседателот ан Собранието да биде предлог на ДУИ. Затоа јавно одговарам- ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија ја прифаќа фрлената ракавица и оди ан предвремени парламентарни избори“, истакна Груевски.

Груевски побара од граѓанитед а дадт поддршка и за мнозинство од најмалку 62 пратеници и за избор на претседател од нивните редови за земјата да не биде заложник ан ДУИ.

„Јавноста го очекува кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ заштос е очекува тој да победи. Ако веќе знаете дека ќе победиме, дајте ни ја поддршката за да победиме со 62 пратеника. Ова е почеток на една двојна победа и за претседател и за парламентарни избори која ќе финишира на 27 април. Одиме за да победиме!“ порача Груевски.

„ Соросовите и другите извештаи се притисок за да ја свиткаме кичмата како што вели Зоран Заев. Тоа кај нас нема да помине. Сакаме решение за името, но тоа да биде компромисно. Нашите позиции се познати- народот ќе одлучува. За анс се неприфатливи радикалните позиции на Грција“, истакна лидерот ан ВМРО-ДПМНЕ.

01.03.2014 - 12:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега