Советот за безбедност на ОН ќе одржи седница за Украина
Советот за безбедност на ОН ќе одржи вечерва седница за Украина, изјави Мартин Несирки, портпарол на генералниот секретар на светската организација Бан Ки-мун.
Претходно, украинското Министерство за надворешни работи се обрати кон ОН со барање да се разгледа ситуацијата во земјата
Вршителот на должност министер за надворешни работи на Украина Андриј Дешчицја изјави дека денеска го потпишал писмото до украинскиот постојан претставник на светската организација да се обрати до Советот за безбедност на ОН, за да се постави прашањето на дневниот ред.
28.02.2014 - 19:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа