Јанукович се појави пред јавноста
Денеска за прв пат од саботата сменетиот украински претседател Виктор Јанукович се појави во јавност.
Јанукович не денешната прес-конференција во рускиот град Ростов на Дон истакна дека „ќе продолжи да се бори за иднината на Украина“.
Тој наведе дека бил принуден да ја напушти земјата поради закани и посочи дека „профашистички сили“ ја узурпирале власта во Украина.
Вчера беше објавено обраќање на Јанукович до народот на Укрина во кое тој наведува дека се уште се смета себе си за легитимен претседател на Украина.
"Се уште се сметам за легитимен претседател на украинската држава, избран со слободната волја на украинските граѓани", посочи Јанукович во „обраќање до народот на Украина“.
Тој упати молба до руските власти да му ја гарантираат „личната безбедност од активностите на екстремистите“
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа