Наставник им наредил на учениците да претепаат врсник

Две години условна затворска казна доби наставник од северозападна Грција, обвинет за поттикнување на неговите ученици да удрат осумгодишен врсник.

По наредба на Министерството за образование, наставникот привремено е суспендиран, јави дописникот на МИА од Атина.

Според родителите на осумгодишното дете, наставникот им наредил на група на ученици да го задржат, откако тој се обидел да ја напушти училницата пред да заѕвони училишното ѕвонче. Наставникот тврдел дека не дал таква наредба, и рекол оти момчето било повредено во тепачка со неговите соученици.

28.02.2014 - 14:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега