Пајакот вчера направил парче низ Скопје

Сообраќајната полиција вчера казнила пет возачи кои не отстапиле предност на минување на пешаци на обележан пешачки премин, пет пешаци, седум возачи кои не го користеле сигурносниот појас, шест возачи кои го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото и шест возачи кои ги управувале возилата со измината важност на сообраќајната дозвола.

Со специјалното возило „пајак“ вчера биле отстранети 77 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска не се најавени вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива. 

28.02.2014 - 08:57
Фото: 
grad.sk

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега