Пендаровски ќе биде единствен кандидат на Конвенцијата на СДСМ

 

Извршниот Одбор на СДСМ едногласно о9длучи- Стево Пендаровски да биде единствен кандидат за претседател предложен до Конгресот на партијата кој ќе се одржи во вторник. И покрај тоа што до централата на Бихаќка пристигнале 26 кандидатури, тесното раководство одлучи да ги дисквалификува сите предлози на општинските органзиации и да застане единствено зад екс советникот на Бранко Црвенковски. Според генералниот секретар на партијата, тука нема ништо недемократско.

„Демократичноста ја покажавме во текот на целата постапка“, изјави попладнево Оливер Спасовски.

Тој тврди дека одлуката била донесена попладнево а не пред два дена кога истите информации ги објави Пресс24. Не е информиран за средби на Пендаровски со високи челници ДУИ и не знае дали била барана нивна поддршка.

27.02.2014 - 19:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега