„Пајакот" направи парче на скопските улици

Во текот на вчерашниот ден "пајакот" повторно направи парче на скопските улици. Со специјалното возило биле отстранети 54 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден откри и санкционира 19 возила, седум од нив се исклучени од сообраќај поради констатирана неисправност на уредите коишто се од витално значење за безбедно учество на возилата во сообраќај, односно неисправност на системот за стопирање или, пак, системот за управување и пневматиците и 10 возила кои учествувале во сообраќај со изминат рок на важноста на сообраќајната дозвола. Санкционирани се и 10 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, а пет од нив се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, шест возачи кои поминале на црвено светло на крстосниците, седум возачи кои не го користеле сигурносниот појас, а 25 се санкционирање поради користење на мобилен телефон при управување на возилото. На скопските улици се случиле и десет сообраќајни незгоди.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

27.02.2014 - 09:32
Фото: 
пулс24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега