Десет сообраќајки за едно деноноќие - еве што се случувало на скопските улици

Во текот на вчерашниот ден во Скопје се случиле вкупно десет сообраќајни незгоди. Од нив четири сообраќајни незгоди се со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патнички моторни возила, еден сопатник, еден возач на мотоцикл и еден патник во јавниот превоз и шест сообраќајни незгоди со материјална штета.

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден откри и санкционира 19 возила, седум од нив се исклучени од сообраќај поради констатирана неисправност на уредите коишто се од витално значење за безбедно учество на возилата во сообраќај, односно неисправност на системот за стопирање или, пак, системот за управување и пневматиците и 10 возила кои учествувале во сообраќај со изминат рок на важноста на сообраќајната дозвола. Санкционирани се и 10 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, а пет од нив се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, шест возачи кои поминале на црвено светло на крстосниците, седум возачи кои не го користеле сигурносниот појас, а 25 се санкционирање поради користење на мобилен телефон при управување на возилото.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива. 

27.02.2014 - 09:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега