Искршил три автомобили па се забил во две полициски возила - бесен скопјанец направи „парче“ во Ѓорче Петров

 

55 годишниот скопјанец Б.К. вчера беснеел во скопската населба Ѓорче Петров.

Според информациите од полицијата, скопјанецот вчера оштетил три паркирани автомобили, две „Астри“ со скопски таблички и еден „Цитроен“ со велешки регистерски таблички и избегал.

Полициските “Алфи“ тргнале во потрага на скопјанецот, па, за да го запрат, поставиле блокада на раскрсницата со улиците „Ацо Шопов“ и „Партизанска“. Бесниот Б.К. не сакал туку така да се предаде, па, обидувајќи се да избега, удрил во две полициски возила. Сепак, и покрај неговите обиди за бегство, „Алфите“ успеале да го приведат.

Пполицијата работи на расчистување на случајот.

26.02.2014 - 12:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега