Љубовта нема граници- новинарка и полицаец се заљубиле за време на протестите во Киев

 

Дваесет и четиригодишната Лидија Панкив која е новинарка воедно присутна на демонстрациите на плоштадот во Киев раскажува како се заљубила вополицаец  за време на немирите во Киев.

Панкив била меѓу демонстрантите по улиците во денот кога на служба бил полицаецот Андреј.

Младата новинарка раскажа дека била дел од женска група, во улогата на жив штит, застанувајќи меѓу милиционерите и група демонстранти со надеж дека нивното присуство ќе го запре насилството.

“Бевме многу блиску до полицајците и на мене ми заѕвони пријателка. Полицијата  беше само неколку сантиметри од нас. Таа ме замоли да и помогнам да најде нејзин пријател, кој е уапсен. Таа сакаше од мене да напишам нешто. Јас и реков да ми се јави подоцна и го  дадов мојот број. И го реков тоа два пати, бидејќи беше многу гласно “, раскажува таа. Наместо повикот што Лидија очекувала, младата жена добила текстуална порака и тоа не е од демонстрант, туку од  еден од полицајците од кордонот,кој  стоел пред неа. 

Андреј не сакал да открива целото свое име од страв да не ја изгуби својата работа, но  и напишал дека сака да се ожени со неа. Според него, кога тој ја видел да стои беспомошна меѓу вооружените мажи и оние кои таа се обидува да ги заштити, тој останал вчудоневиден. 

Андреј останал уште импресиониран кога полицискиот кордон решил да попушти и да се повлече.

 

Стоев пред тебе со штит во рака. Кога застана нашата офанзива, сватив дека сакам да се оженам за тебе. Андреј “, гласела текстуалната порака. Првата средба била до барикадите на Мајда.”Навистина бев изненадена од пораката и не знам зошто се согласив да се сретнеме. Си помислив дека можам да го убедам да помине на вистинската страна и воопшто не сум си мислела дека може да се заљубам во него. Меѓутоа, кога го видов кога почнав да зборувам со него – токму тогаш се случи “, раскажува за возврат Лидија на  локалната телевизија “Интер”. Сепак идентитеот на полицаецот се уште е скриен и не е сигурно дека името е навивстина Андреј. Лидија во својкот настап сака да ја покаже и другата страна на демонстрациите.

25.02.2014 - 13:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега