Лавров: На Украина не може да и се наметнува изборот „или сте со нас или сте против нас“
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, по разговорите со министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн изјави дека контрапродуктивни се обидите на Украина да и се наметне избор по принципот „или сте со нас или сте против нас.
Лавров потенцира дека во интерес на Москва е Украина да стане дел од заедничкото европско семејство.
- Русија и Луксембург го потврдија својот став за немешање во ситуацијата во Украина, истакна Лавров, додавајќи дека двете земји изразиле загриженост од настаните во Украина.
Лавров наведе дека „Русија би сакала подобро да ги сфати односите на ЕУ со заедничките соседи“.
"Само преку тесна соработка меѓу Русија и Европската унија може да се стабилизира ситуацијата во Украина" вели Аселборн додавајќи дека особено важно е во дијалогот да учествуваат сите региони на Украина и сите етнички малцинства.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа