Еве како најлесно да се откажете од пороците
Според најновите истражувања можете да ги намалите килограмите играјќи го легендарниот Тетрис.
Освен тоа тетрисот може да ви помогне не само при симнување на вишокот килограми, туку и во текот на процесот на одвикнувањето од пушење и конзумирање алкохолни пијалоци.
Научниците тврдат дека е доволно само три минути дневно да се помине во играње на Тетрис за да може мозокот некое време да „заборави“ на грицките, цигарите или алкохолот.
А во пракса тоа изгледа така што во текот на сложувањето на тетрис формата, мозокот ја губи врската со визуализацијата на храна и пороците од кои лицето сака да се ослободи.
Сето ова е потврдено при изведувањето експеримент врз испитаниците, во состав на истражувањето спроведено на Универзитетот Плимут.
Половина од испитаниците ја добиле играта и веднаш почнале да играат, додека другата половина чекале подолго време играта да се вчита. Овие првите, кои веднаш почнале да играат, почувствувале 24 отсто помала желба за пороците, за разлика од оние другите испитаници.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа