Продолжуваат антивладините протести во Тајланд- убиено 5 годишно девојче
Петгодишно девојче загина, а неколку десетини луѓе се повредени откако вооружени напаѓачи пукаа на учесниците на антивладиниот протест Као Саминг, во провинцијата Трат, во источниот дел на Тајланд.
Во напад со бомби и автоматско оружје синоќа во Тајланд беа убиени двајца, а ранети најмалку 41 од присутните на антивладин протест во дистриктот Као Саминг во источната тајландска провинција Трат, на околу 300 километри од Бангкок.
Во Бангкок, утрово се огласија поддржувачите на премиерката Шинаватра. Лидерите на провладиниот Фронт за демократија и владејачката Народна партија најавија нови чекори за борба со бунтовниците.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа