Имала секс со поранешното момче па решила да си го одземе животот

28 - годишната Алина Богданова минатиот октомври била пронајдена мртва во станот на поранешното момче Александар Зукс. Тогаш  Алина извршила самоубиство, а на трагичниот настан му претходел секс со поранешниот партнер, и тоа во пијана состојба.

Алина Богданова, Русинка по потекло, била во врска со Артурас Пакалниски кој живее во Петербург.

Во октомври отишла во посета на братот во Линколншир. Престојот во Велика Британија и донел и средба со некогашниот партнер кој со братот на Алина го делел станот.

"Заспав покрај неа, но следното утро ја пронајдов мртва. Мислев дека стои на скалите, ја прашав што прави таму, кога и пријдов, видов дека устата и беше помодрена"– изјавил Александар Зукс. Алина се обесила.

Ништо не укажувало на тоа дека би извршила самоубиство. Нејзиниот брат изјавил дека ја видел Алина вечерта пред трагедијата, и дека му посакала добра ноќ.

Нејзиното момче исто така не забележало никакви знаци на предупредување.

"Беше многу среќна. Не беше депресивна. Знаев дека Зукс живее со нејзиниот брат, но не бев загрижен поради тоа".

Само ми рече: „Одам да го посетам брат ми и тоа беше се“ – изјавил тој. 

23.02.2014 - 12:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега