По цели 40 години поминати во кафез- ова дете конечно излезе на слобода
Пенг Вејкинг кој помина речиси четири децении заклучен во еден квадратен метар, конечно е ослободен од кафез.
Неговото семејство го заклучило откако му била дијагностицирана тешка психичка болест и станал агресивен.
Полицајците од кинеската провинција Фуџијан, морале да користат чекан за да го ослободат, бидејќи бравата била зарѓана.
Хонг сега е во психјатриска болница. Иако ова однесување на неговотo семејство е нехумано, ова е вообичаена појава во руралните делови на Кина, каде што имало повеќе вакви случаи
За неговиот случај се дознало дури откако неговата мајка, која се грижела за него, јавно ги повикала луѓето некој да ја преземе грижата, бидејќи таа била на смртна постела. Таа починала, а тој е конечно слободен.
Семејствата не се информирани што предизвикува агресивно однесување кај децата и затоа веруваат дека им вршат услуга што ги држат заклучени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа