Јанукович: Немам намера да поднесам оставка

 

“Немам намера да поднесам оставка. Јас сум легитимно избран претседател”, изјави  вчера украинскиот претседател Виктор Јанукович во интервју за локална телевизиска станица во Харков.

Во интервјуто тој нагласи дека мора да го „заштити народот“ и дека „нема да ги штеди напорите за да стави крај на крвопролевањето“.

Јанукович истакна дека и покрај „безбедносни гаранции“ од меѓународните посредници и опозицијата било пукано врз неговиот автомобил, но тоа не го уплашило.

"Тоа што се случува во Украина првенствено може да се опише како вандализам, бандитизам и државен удар", посочи Јанукович, додавајќи оти ситуацијата потсетува на воздигнување на нацизмот во 30-тите години од минатиот век.

23.02.2014 - 10:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега