Оваа бабичка доби 90 гајби пиво за својот роденден- еве зошто

 

Деведесетгодишната бабичка од Белгија по име Берта Де Бот која живее во околината на Брисел, го прославила нејзиниот роденден, а на подарок  доби 90 гајби пиво.

Ваквиот невообичаен подарок за баба произлегува од тоа што таа обожава да пие пиво и го консумира целиот живот. Можеби токму во тоа лежи тајната на нејзината долговечност.

Баба Берта за еден локален весник изјавила дека денот не и поминува без да испие 15 пива.

Оваа бабичка не се смета себе си за алкохоличар. Никогаш не пие наутро, а ако сака, без проблем може да апстинира. Нејзината чудна навика предизвикува загриженост во нејзиното семејство и чудење кај нејзиниот доктор, но таа нема намера да се откаже.

22.02.2014 - 15:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега