Претставник на обезбедувањето на Јанукович тврди дека тој се уште е во Украина

 

Украинскиот претседател Виктор Јанукович е во Украина, изјави извор од неговото обезбедување, откако се појавија информации дека неговата резиденција е празна и необезбедена и е заземена од демонстрантите, јави БТА.

 

- Тој е добар и е во Украина, изјави анонимниот извор. На прашањето дали Јанукович е во Киев истиот извор истакна дека не може да каже. 

Според Ана Герман, пратеничка од владејачката Партија на регионите и советник на претседателот, Јанукович е во североисточниот град Харков. 

Претходно ИТАР-ТАСС ја пренесе изјавата на претставник на аеродромот во Харков, според кој претседателскиот авион не слетал таму.

- Украинскиот претседател Виктор Јанукович го напушти главниот град, изјави претходно денеска во Врховата рада, лидерот на  Украинската демократска алијанса за реформи, Виталиј Кличко. 

- Ни остана само еден излез. Треба да организираме предвремени претседателски избори. Нашата иницијатива е да се донесе одлука за одржување предвремени претседателски избори не подоцна од крајот на април, посочи Кличко.

Тој истакна дека украинскиот Парламент, Врховата рада треба итно да го принуди Јанукович да поднесе оставка.

Во меѓувреме украинскиот Парламент го испрати до претседателската администрација усвоенио нацрт-закон за враќање кон Уставот од 2004, изјави заменик претседателот на Парламентот, Руслан Кошулински. 

Врховната рада вчера го усвои нацрт-законот за враќање на Уставот од 2004 година, со кој се предвидува парламентарно-претседателска форма на управување и ограничување на надлежностите на шефот на државата. 

Советничката на Јанукович, Герман, пак, изјави дека тој ќе ги потише законите, кои Врховата рада ги усвои вчера. 

 

- Претседателот на Украина ќе ги потпише законите, чиј иницијатор е тој самиот. Секое сомневање по тоа прашање е шпекулација. Во земјата се треба да се случува според законот, нагласи Герман.

22.02.2014 - 14:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега