Украинскиот парламент изгласа слобода за Јулија Тимошенко
Секој момент се очекува ослободувањето на поранешната премиерка, Јулија Тимошенко откако пратениците во Киев гласаа за нејзино ослободување.
Парламентот го избра опозицискиот пратеник, Арсен Аваков за Министер за внатрешни работи до формирањето на новата коалициона влада.
За нов претседател на Украина е избран Олександар Турчинов кој воедно е и десна рака на Тимошенко која моментално е во затвор.
Турчинов на местото претседател на парламентот го замени Володимир Рибак откако за него гласаа 288 од вкупно 450 пратеници.
Лидерот на опозицијата на Украина Виталиј Кличко претходно изјави дека парламентот мора да го разреши претседателот Виктор Јанукович и да одржи предвремени претседателски избори најдоцна 25 мај 2014.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа