Уапсен познат скопски дилер
Кривична пријава и 30-дневен притвор си заработи 42 годишниот скопјанец Д.М. за кој полицијата се сомнева дека продавал дрога на скопски зависници.
Скопјанецот во периодот од 2012 до почетокот на годинава, купил хероин и марихуана од засега непознато лице, дрогата ја препакувал за улична продажба и ја продавал на зависници од Скопје. Тој ја продавал дрогата во својот дом, а некогаш ја разнесувал на претходно договорени места низ Скопје.
Од скопската полиција велат дека дилерот досега заработил четири кривични пријави и три казни затвор, но, тоа не го спречило да продолжи да се занимава со трговија со дрога. Полицијата во изминатите две години собирала материјални докази дека Д.М. сеуште е дилер на дрога.
Откако полицијата привела три лица кај кои била пронајдена марихуана, купена токму од кај Д.М., бил извршен претрес на домот на скопјанецот, каде биле пронајдени 147,27 грама марихуана и 0,58 грама хероин, како и други прашкасти и тревкасти материи во различни пакувања, кои се доставени за вештачење.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа