Научниците потврдија: Кучето е најдобар пријател на човекот- еве зошто

 

Унгарските научници, утврдија дека кучињата за собирање на информации користат сличен механизам како и луѓето, односно дека кај кучињата при емоција мозокот се "активира" со звук на сличен начин како и кај луѓето.

 

Тие веќе подолго време се занимаваат набљудувајќи ги активностите на мозокот на човекот и кучето, при слушањето на 200 различни човечки и кучешки звуци па така дошле до ова откритие.

Без сомнеж, кучето е најдобриот пријател на човекот веќе 30 000 години, а научниците сега веруваат и точно знаат што е причината за тоа.

Компаративната студија на мозокот на човекот и кучето, е првата студија во која човечкиот мозок во детали е спореден со мозокот на некое друго животно кое не е од групата на примати.

 

На ова испитување се докажа дека и кучињата реагираат на емоциите од гласот на ист начин како што тоа го прават и луѓето, па и едните и другите имаат посебни региони во мозокот за распознавање на гласот.

22.02.2014 - 12:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега